Страшо Пинџур
Страшо Пинџур (5 март 1915 во Струмица[1] — Скопје, 4 јануари 1943)[2][3][4] — македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Стеван Наумов-Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу). ЖивотописРани години![]() Страшо Пинџур е роден како Страхил Пинџуров во Струмица на 5 март 1915 година.[б 1] Рано останал без татко, кого не успеал ни да го запознае, така да единствена хранителка и воспитувачка останува неговата баба Наца, на која ќе и остане приврзан до крајот на својот живот.[5] По смртта на татко му Димитар Пинџур, кој загинал како бугарски офицер во почетокот на Првата светска војна, во борбите кај Криволак, мајка му се премажила во Неготино, а грижата за него ја презела баба му Наца. Основното училиште го завршил во Ваташа, а нижа гимназија во Кавадарци. По укинувањето на голем број гимназии во Македонија, образованието го продолжил во Крагуевац. Во Крагуевачката гимназија се изградил како напреден младинец и револуционер. Овде доаѓа дошла до израз неговата творечка ерудиција. Дневникот кој го напишал во текот на 1933 година ги потврдува неговите способности како литерат. Покрај другото во овој дневник тој запишал:[5]
![]() Потоа обрзованието го продолжил во Белград, каде студирал право. Во Белград се вклучил во револуционерното движење и во 1934 година се зачленил во КПЈ. Како напреден студент, активно се вклучува во друштвото на напредните македонски студенти „Вардар“, а станал член и на Акциониот студентски одбор. Во текот на 1938 г. се обидува да се префрли во Шпанија и да се бори заедно со Интернационалните бригади. Тој доаѓа до Прага, но не успева да фати врска и да се враќа во Белград, поради неговата активност бил привиден во полицијата во мај 1938 и спроведен во Истражниот затвор во Ада Циганлија.[5] Во летото 1939 г. во Кавадарци, по негова иницијатива, заедно со Ристо Михов и Ѓошо Бојаџиев, ја обновуваат работата на Комунистичката партија. По завршувањето на Правниот факултет неговата активност како револуционер уште повеќе се зголемува. Бил будно следен од полицијата и повторно е уапсен во истиот затвор.[5] Во еден обвинителен акт е заведен дека работел како адвокатски приправник во Струмица.[6] Пред самата окупација, Страшо бил пуштен на слобода.[5] За време на НОВ![]() По окупацијата на Македонија, Страшо Пинџур од септември 1941 година е член на Покраинскиот воен штаб, кој има за задача да крене востание во Македонија против фашистичкиот окупатор. Станал член на Покраинскиот комитет како инструктор, а од јуни 1942 година бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во текот на 1942 година Страшо Пинџур бил член на Покраинскиот комитет, а од јуни 1942 година член на Главниот штаб на Македонија. Есента 1942 бил разбиен Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Страшо Пинџур, заедно со Мирче Ацев, дошол во Велес да ја консолидираат работата на партиската организацијата.[5] Апсењето, мачењето и смрттаНа 19 декември 1942 г., тие биле провалени во куќата на Јован Митрев и биле спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Потоа, двајцата биле подложени на невидени инквизициони мерки со цел да ги извлечат бараните информации од нив од страна на бугарскиот окупатор. Мирче не проговорил ниту збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“ На 4 јануари 1943 г., во просториите на Скопскиот областен затвор, како последица на силните измачувања, умрел Страшо Пинџур. Истата вечер, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“. Сведоштвото на началникот на Обласната полиција во Скопје, Љубомир Јорданов, вака го опишува мачењето на Страшо.
Потоа агентите и полицијата се обиделе да ја сокријат смртта на Пинџур, за народот да не дознае дека бил убиен во затвор. Тогаш обласниот полициски началник Симеонов наредува трупот да се закопа некаде. Ноќта агентите Тодор Ташев и Анто Георгиев го изнеле телото на Пинџур со моторцикл, но каде го однеле или дали го фрлиле во Вардар, не се знае. Потоа Васил Цанков му наредил на агентот Јорданов заедно со агентите Ташев и Георгиев да одат во Велес, каде требало да спроведе божемна истрага околу Страшо Пинџур. Агентите на неколку километри после Велес го запреле автомобилот и истрелале рафали во ноќта. Потоа повикале полицајци од Велес кои ја затвориле и пребарувале областа каде што пукале со назнака дека бараат затвореник кој избегал, а по неуспешната потрага, се вратиле во Велес каде Јорданов телефонирал на Цанков дека Пинџур успеал да им побегне. На ова Цанков глумел дека е лут поради тоа што Пинџур се спасил.[7] Писмо од неговите соборциОткако се расчуло за маченичката смрт на Мирче Ацев и Страшо Пинџур, нивните соброци издале леток по повод нивното убиство, во кој детално и јасно ги изразуваат нивните стремеж и борба за слобода. Ги опишуваат и нивните херојски семејства, како семејства кои се бореле за слобода на Македонија и зачувување на идеалите и патот поставен на Илинденците.[4] Мал дел од писмото го опишува теророт и грозоморната слика на нивните тела:
Одликувања![]() За неговата активност во организирањето на народот за борба против фашистичкиот окупатор, како и за неговото храбро и достоинствено движење во затворот, Страшо бил прогласен за еден од првите народни херои во Македонија на 29 јули 1945 година.[5] Во негова чест и во чест на Мирче Ацев се испеани песните „Ајде ќе те прашам, бре Донке“.[8] и „Вардаре горд, подзапри“, а засебно за него е испеана и песната „Дувни издувни тихи вардарец“. Во родното село Ваташа е зачувана Спомен-куќата на Страшо Пинџур, во која, во 1976 г. е поставена постојана изложба на експонати поврзани со неговиот живот. Куќата била реновирана во 2012 година.[9] Белешки
Наводи
Литература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia