ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
Училиштето е именувано по македонскиот комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ Тодор Ангелевски. МестоположбаУчилиштето се наоѓа помеѓу населбата Баир и населбата Ушици. ОсобеностиУчилиштето Тодор Ангелевски е добро опремена зграда на два ката каде наставата редовно ја посетуваат ученици од прво до осмо одделение. Покрај редовната настава додатните часови и секциите помогнале ова училиште да учествува на општински, регионални и републички натпревари каде има освоено многу награди. Има голем број на кабинети и училници каде наставата редовно и успешно се изведува. Подрачни училиштаВо склоп на централното основно училиште функционира и подрачното основно училиште во приградската населба Горно Оризари во кое настава посетуваат ученици од населбата Горно Оризари и населбата Стрелиште. Училиштето во Стрелиште е подрачно петгодишно основно училиште. Познати личности кои учеле во ова училиште
Познати личности кои предавале во ова училиште
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia