Кире КостовКире Костов (Битола, 14 септември 1949 - Скопје, 27 јули 2023) — познат македонски композитор, инструменталист и диригент.[1][2][3] ЖивотописКостов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970 до 1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа. ТворештвоАвтор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот. Од областа на популарната музика има околу триста наслови како композитор - „Летај галебе“, „Кога те нема“, „Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“ и многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади „Си - до“ кој се одржуваше во Битола од 1991 до 2000 година. Бил уметнички директор на Интерфест Битола за популарна музика. Добитник е на бројни награди и признанија. Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia