ОУ „Хајан Селмани“ - Ростуше
Денес, училиштето е именувано по локалниот претприемач и стопанственик, Хајан Селмани, додека во минатото училиштето го носело името на истакнатиот македонски писател на кратки дела, лексикограф, историчар и воен водач Ѓорѓија Пулевски. МестоположбаОбјектот на училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото. ИсторијаУчилиштето во Ростуше е најстара воспитно-образовна организација во регионот. Училиштето започнало со работа во 1944 година во просториите на Бигорскиот манастир. Од 1945 година, наставата се одвива во училишната зграда во центарот на Ростуше која била изградена како административна зграда за тогашната општина. Во октомври 2019 година, училиштето било преименувано во чест на македонскиот претприемач и стопанственик со потекло од долнореканскиот крај Хајан Селмани.[2] Во југословенскиот период, училиштето го носело името и на Иво Лола Рибар. Подрачни училиштаВо составот на училиштето спаѓаат: Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia