Општина Маврово и Ростуше
![]() ![]() Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Маврово и Ростуша) — општина во западниот дел на Република Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево (порано Општина Зајас), на запад со Албанија, а на север со Општина Гостивар. ГеографијаОпштина Маврово и Ростуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, т.е. во регионот Мијачија. ИсторијаОпштина Маврово и Ростуше била создадена во 1996 година, под името Општина Маврови Анови, а Општина Ростуша е создадена исто така во истата година, и во 2004 година, спојувајќи ги општините Маврови Анови и Ростуша, формирана е Општина Маврово и Ростуша со седиште во Ростуше. ДемографијаСогласно пописот на населението на Македонија од 2002 година на ниво на држава спроведен од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Општина Маврово и Ростуше ги има следните статистички одлики во однос на населението:[2] Вкупно население: 8618 жители[3] 1. Вкупно население на територија на општина по пол:
* Дел од жителите во областа Долна Река, односно во селата Скудриње (76,8 %), Ростуше (48,9 %), Аџиевци (37,5 %), Требиште (36,2 %), Јанче (22,6 %), Присојница (20,9 %), Велебрдо (17,6 %) и Видуше (12,9 %) се изјасниле како Турци, но всушност тоа се Македонци од муслиманска вероисповед, кои се изјасниле дека македонскиот им е мајчин јазик. 3. Вкупно население на територија на општина врз основа на образовна структура од 15 и повеќе години: 6324
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Општина Маврово и Ростуше ги има следните нови статистички одлики во однос на населението: Вкупно население: 5638 жители
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Маврово и Ростуше е Медат Куртовски од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[4] Советот на општина Маврово и Ростуше е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се: ![]() СДСМ: 5 места ВМРО-ДПМНЕ: 3 места ДПТ: 1 место ДУИ: 1 место ЛДП-ДОМ: 1 местоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia