ОУ „Шемшево“ - Шемшево
Името на училиштето е според името на селото Шемшево. ИсторијаУчилиштето е основано во 1945 година, со одлука на Околискиот одбор на Општина Тетово. Од самото создавање училиштето го носело името на македонскиот револуционер Даме Груев. После конфликтот во 2001 година, локалните Албанци донесуваат одлука училиштето да го носи името на Албанецот Јумни Јонузи. Ваквата одлука донела до бојкот од страна на Македонците и на крај било решено училиштето да го носи името на селото Шемшево.[3] Во училишниот двор се наоѓа биста на Јумни Јонузи, која во 2002 година била поставена без никаква дозвола. Мештаните се заканувале дека ќе настапат инциденти, доколку дојде до нејзино уривање.[4] Бистата никогаш не била срушена. НаставаВо училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик. Училиштето располага со кабинет по информатика опремен со нови компјутери, спортски игралишта и спортска сала. Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
Во основното училиште во Жилче се образуваат ученици во девет одделенија на македонски наставен јазик, додека во основното училиште во Шемшево се одвива деветгодишна настава на албански наставен јазик. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia