ПУ „Шемшево“ - Прељубиште
Името на училиштето е според името на селото Шемшево. Неколку години по 2008 година, училиштето работело под називот Интегрирано двојазично основно училиште „Фритјоф Нансен“, кога во него се изведувала настава наизменично на два јазика, македонски и албански. МестоположбаСелото се наоѓа на излезот од селото Прељубиште. НаставаВо училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик. ИсторијаНансенУчилиштето било отворена по моделот на основното училиште „Нансен“ од Лилехамер, Норвешка со помош на дијалог-центарот „Нансен“ од Скопје, сите наречени по норвешкиот истражувач, дипломат и нобеловец Фритјоф Нансен (1861-1930). Било отворено во 2008 година.[3] Карактеристично за овој модел на училиште е тоа што учениците Македонци и Албанци учат заедно во исти простории и слушаат настава наизменично на два јазика, македонски и албански. Проектот бил дел и резултат од програмата „Дијалог и реконсилијација“ што невладината организација „Нансен Дијалог Центар“ од Скопје започнала да ја спроведува во Општина Јегуновце во 2005 година. Општина Јегуновце како таргет општина била избрана бидејќи била зафатена со вооружениот конфликт во 2001 година и поради етничката поделба во 2002 на учениците Македонци и Албанци од централното основно училиште во селото Шемшево и околните училишта. Со активностите од програмата биле опфатени учениците од 5-8 одделение, нивните родители, наставниците, градоначалникот и членовите на Советот на општина Јегуновце како и претседателите на месните заедници. Галерија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia