ОУ „7 Март“ - ЧелопекЗа други значења на поимот, погл. ОУ „7 Март“.
Училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март. МестоположбаУчилиштето се наоѓа во тетовското село Челопек. ИсторијаЦентралното училиште било изградено во 1982 година,[2] а како посебно училиште било основано во 1985 година.[3] Во минатото училиштето се викало Братство-Единство, за потоа да се преименува во Братство. Подоцна локалните Албанци поднеле барање за преименување до Министерството за образование. Предложеното име, инаку го одбележува Денот на албанските наставници, кој всушност е датумот на кој е отворено првото училиште на албански јазик во историјата. Во текот на 2006 година, наставата била во прекин за македонските паралелки, бидејќи македонските ученици биле напаѓани и малтретирани од албанските ученици или група повозрасни жители (Албанци), поради што учениците и нивните родители ја бојкотирале наставата.[4] Во 2008 година, во училиштето повторно имало бојкот, откако биле назначени двајца директори истовремено.[5] НаставаВо училиштето наставата се изведува на албански и на македонски наставен јазик во 33 паралелки, од кои 2 комбинирани. Подрачни училиштаВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
Галерија
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia