Општина Брвеница
![]() ![]() Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е воглавно македонско и албанско. ГеографијаОпштината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак. Брвеница спаѓа во руралните општини и опфаќа 10 населени места, организирани во 11 месни заедници и тоа: Брвеница, Долно Седларце, Горни и Долни Челопек, Милетино, Радиовце, Блаце, Стенче, Волковија, Теново и Гургурница. Шест од овие месни заедници се рамничарски, четири ридски и едно планинско. На подрачјето на општината во периодот од формирањето на општината, поточно од 1997 годна со финансиска помош на државата и невладини организаци е изграден водовод во следните населени места: Брвеница и Долно Седларце, Милетино, Стенче и Радиовце.[2] СтопанствоГлавни стопански гранки во општината се земјоделството, градинарството и сточарството. Постојат и повеќе мали индустриско-производни капацитети во различни села од општината. ДемографијаСпоред пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 15.855 жители со густина на население од 96,50 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[3][4]
Население по населено место
На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:[5]
Во пописот од 1953 година, Македонците сочинувале 51,8 %, а Албанците 46,4 % од населението во општината. По зголемувањето на бројот на Албанци во општината, нивниот процент се зголемува на 61,2 %, а на Македонците се намалува на 37,5 %. ИселеништвоНаселението на општината во однос на пописот е значително намалено, поради иселувањето. Голем дел од албанското население е иселено во странство. Иселувањето на македонското население е нешто помало, и воглавно е во правец село-град и дел во странство. Општествени установи
Во општината функционираат следните централни училишта:
Самоуправа и политикаГрадоначалник на општина Брвеница е Јовица Илиевски, кој бил избран на локалните избори во 2021, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ .[7] Општината има вкупно 15 советници кои го претставуваат 10 села од општината. Во склоп на општина Брвеница се следниве села: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек. Културни и природни знаменитости
ЛичностиНекои од поистакнатите личности од општината се:
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia