ОбОваа статија се однесува на река во Русија. За истоимената река во Франција, погл. Об (река во Франција).
Об (руски: Обь) — река во азискиот дел на Русија којашто тече низ Западносибирската Низина. Реката е долга 3.650 км, но од изворот на нејзината најдолга притока Иртиш 5.410 км со што е шеста седма најдолга река во светот. Реката својот тек го завршува во Опскиот Залив (Карско Море), создавајќи речна делта долга 80, а широка од 30 до 90 км. Потекло на поимотЗа реката Об можно е да се слушнат и други имиња. Луѓето од народот Канти ја нарекуваат Ас, Јаг, Колта и Јема, додека пак луѓето од народот Ненец Кјолта и Квај, а Сибирските Татари Умар или Омар. Течение и географски податоциОб извира во подножјето на планината Алтај северозападно од градот Блиск. Со течението на реката на север се намалува и надморската висина, сè до вливот во Опскиот Залив каде што изнесува 0. Течението на реката е поделено на 3 тека:
Во горниот тек, Об главно тече низ висорамнини, а со вливот на реката Иртиш се создава асиметрија на бреговите, па така на десната брег се простираат возвишенија и стрмнини додека на левиот брег рамнини. Во долниотѕ тек, Об забавува, а во околината на реката се создаваат мочуришта. ПритокиВо својот тек, во Об се влеваат повеќе реки. Најдолги леви притоки се Иртиш, Васјуган и Сосва, а најдолги десни Том, Чулим, Кет, Тим и Вак. Градови низ кој поминува рекатаНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia