Опски Залив
Опски Залив (руски: Обская губа) — залив во Северноледениот Океан. Се наоѓа во северна Русија на устието на реката Об.[2] Претставува најдолго устие на светот.[3] ГеографијаУстието на Опскиот Залив се наоѓа во Карското Море помеѓу Гиданскиот и Јамалскиот Полуостров.[2] Долго е околу 1.000 км и широко од 50 до 80 км. Се протега во правец север-југ.[2] Заливот е релативно плиток, со просечна длабочина од 10 до 12 м, поради што е непогоден за тешки пловила. Тазовското Устие е источен страничен ракав образуван од реката Таз. Во устието на Об има неколку острови како островот Халеј. Сите тие се блиску до брегот и имаат нозок релјеф. Прогласени се за заштитени моклишта според Рамсарската конвенција.[1] Понасевер сè до Карското Море заливот нема острови, со исклучок на неколку крајбрежни како Халевнго и Њавиго. Белугите сезонски се селат во Опскиот Залив.[4] Фосилни гориваНа ова подрачје има мошне големи лежишта на природен гас и нафта. На запад е Јамалскиот проект за искористување на ресурсите од Јамалскиот Полуостров. На југоисток е Јамбуршкото гасно поле, трето гасно поле по големина во светот, сместено меѓу јужниот дел на заливот и Тазовското Устие на исток. Нафтата и гасот од изворите се пренесуваат преку цевковод и по железница. На западниот брег на заливот во Сабета е изградено пристаниште за пренос на гас.[5] Почнало да стопанисува во декември 2017 г., товарејќи го првиот носач на течен природен гас (ТПГ).[6] Претпријатието „Газпром“ има терминал за товарање нафта во блиските води, предвидено да работи и кога мразот е дебел преку 2 метра.[7][8] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia