Огледало (книга)

Огледало
Насловната страна на Огледало
АвторКирил Пејчиновиќ
Изворен насловѠгледало
ЗемјаАвстриско Царство
Јазикнароден јазик (тетовски говор), црковнословенски јазик
Издадена
1816
Страници148
СледнаУтешение грешним (1840) 

Огледало е книга на Кирил Пејчиновиќ, печатена во 1816 година во Будим, во тогашната Австриското Царство.

Содржина

Книгата е печатена со црковнословенски шрифт. Форматот и е мала осминка. Покрај 4 ненумерирани, таа содржи 148 нумерирани странички (во нумерацијата е направена една грешка: по стр. 76 следува 87, така што последната бројка е 158, за десет повеќе од стварниот број на страниците).

Книгата ја има следната содржина:

  1. Послједование, пострижение монаха, одјејание расси и камилавки 1-3
  2. Сказание о молитвје свјатаго Нифонта јако ова пријатна јест пред Богом 3-6
  3. Молитва свјатаго Нифонта 6-18
  4. Сказание о молитвје свјатаго Трифона како подабает пјети 19-20
  5. Молитва свјатаго Трифона 20-36
  6. Сказание како подобает звучити отрока азбуки 36-39
  7. Чин благословение отроков 39-48
  8. Молитва 7 отроком немогушчим спати болним 48-53
  9. Молитва за всекаква болест со параклис Богородичен 53-54
  10. Молитва от очес призора сиреч за уроци 55-57
  11. Поучение свакому Христиану, како подобает празновати празници Господских и свјатих и како подобает причаститисја свјатим причашчением 58-145 (155)
  12. Молитва свјатаго Арханѓела Михаила 146-148 (158).

Како што се гледа, најголемиот дел од книгата го зафаќа словото за празниците, оригинална проповед на народен јазик. На народен јазик се пишувани и сказанијата (под бр. 2, 4, 6 во содржината), а при молитвите само некои кратки објасненија. Другото е на црковнословенски јазик.

Молитвите и последованијата во „Огледало“ се земени повеќето од требниците. Сказанието за молитвата на св. Трифона и трите негови молитви се извлечени од еден ракописен црковен устав од XV в., што го имал при рака Кирил (Хлудова збирка бр. 123). Сказанието за молитвата на св. Нифонта и таа молитва се земени од Прологот, од житието на светецот. Одломки од словото за празниците има објавено Стојан Новаковиќ во книгата „С Мораве на Вардар“, Београд 1894 г. 90-106, со современа транскрипција. Притоа ред грешки од првото издание не се исправени, а има случаи да се направени и нови.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya