Оданочување во Македонија

Оданочувањето во Македонија е сложен систем регулиран со повеќе закони и подзаконски акти, кој има за цел да обезбеди приходи за финансирање на државните потреби, но и да поддржува економски и социјални цели. Даночниот систем во Македонија е регулиран од неколку клучни закони, меѓу кои: Закон за данокот на личен доход, Законот за данок на добивка, Законот за данок на додадена вредност, Законот за акцизите, Законот за Управата за јавни приходи.

Даноците во Македонија се делат на:

  • Директни даноци: Плаќаат физички или правни лица врз основа на остварен доход или добивка (на пример, данок на личен доход, данок на добивка).
  • Индиректни даноци: Плаќаат крајните потрошувачи преку цената на производите или услугите (на пример, ДДВ, акцизи).

Видови на даноци

Данок на додадена вредност

ДДВ е индиректен данок кој се плаќа на потрошувачката. Во Македонија постојат четири стапки:[1]

  • Стандардна стапка од 18% за повеќето стоки и услуги.
  • Повластена стапка од 5% за одредени производи, како: основни производи за човечка исхрана, вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и води за наводнување на земјоделско земјиште, публикации, семенски и саден материјал, ѓубрива, средства за заштита на растенијата, фолии од пластична маса за употреба во земјоделството, земјоделска механизација, лекови вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина, менструални производи, машини за автоматска обработка на податоци, термални сончеви системи и др.
  • Повластена стапка од 10% за останатите производи за човечка исхрана кои не се основни производи.
  • Нулта стапка: Се применува за извоз и одредени меѓународни услуги.

Акцизи

Во Македонија, акцизите се наплаќаат на следните категории добра:

  • Минерални масла (на пр., горива како бензин, дизел, мазут).
  • Алкохол и алкохолни пијалаци (вино, пиво, жестоки пијалаци).
  • Тутунски производи (цигари, пури, тутун за луле и др.).
  • Патнички автомобили (особено при увоз или производство).

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya