Одмаздници: Војна на бесконечноста
Одмаздници: Војна на бесконечноста (англиски: Avengers: Infinity War) — американски суперхеројски филм од 2018 г. во режија на Ентони и Џо Русо, заснован на стрип-авантурите на истоимената екипа на Marvel. Како продолжение на „Одмаздници“ (2012) и „Одмаздници: Ерата на Ултрон“ (2015), тоа е 19-ти долгометражен филм во медиумската франшиза на „Кинематографската вселена на Marvel“ (КВМ) и седми во Третата фаза. Главните улоги ги толкуваат Роберт Дауни Помладиот, Крис Хемсворт, Марк Рафало, Крис Еванс, Скарлет Јохансон, Бенедикт Камбербач, Дон Чидл, Том Холанд, Чедвик Боузман, Пол Бетани, Елизабет Олсен, Ентони Маки, Себастијан Стен, Карен Гилан, Данај Гурира, Том Хидлстон, Пом Клементјеф, Бенедикт Вонг, Летиша Рајт, Дејв Батиста, Зои Салдана, Џош Бролин и Крис Прат. Според заплетот, две години откако Одмаздниците се распаднале за време на настаните на „Капетан Америка: Граѓанска војна“, Танос пристигнува на Земјата со цел да ги собере сите Камења на бесконечноста за ракавицата, со која може да ја промени стварноста по своја волја. Одмаздниците и Чуварите на галаксијата мораат да го запрат лудиот титан пред неговиот разорен напад да стави крај на половина од вселената.[4][5][6][7] Премиерата на филмот во САД била на 27 април 2018 г., а во Македонија на 26 април истата година.[8] СодржинаДодека Одмаздниците и нивните сојузници продолжуваат да го штитат светот од преголеми закани за некој херој да може да се справи, нова опасност се појавува од космичките сенки — Танос. Деспот на меѓугалактичката злогласност, неговата цел е да ги собере сите шест Камења на бесконечноста, артефакти со незамислива моќ и да ги искористи за да ја нанесе својата извртена волја на целата стварност. Сѐ за што се бореле Одмаздниците довело до овој миг, судбината на Земјата и постоењето никогаш не биле понеизвесни. Улоги
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia