Окарина
Окарина – дувачки инструмент со долгнавест облик кој потсетува на птичја глава.[1] ИсторијатОкарината е позната ширум светот, од Латинска Америка до Кина. Во Европа ја донеле шпанските конквистадори како своевиден сувенир од Новиот Свет. Италијанецот Џузепе Донати ја направил модерната окарина.[1] Топчеста окарина во МакедонијаВо Македонија е пронајдена топчеста окарина со три отвори која датира од неолитскиот период и е стара околу 6000 години.[2] Изработена е од теракота, била пронајдена во 1989 година на археолошкиот локалитет Мраморје, Чашка, Велес. Ова е и единствен ваков инструмент пронајден во Европа. Окарината и покрај староста е сè уште функционална и на неа може да се свири. Тоа го покажал македонскиот музичар Драган Даутовски. СтруктураСе изработува од печена глина или порцелан. Тонскиот опсег главно ѝ е октава. Со пребирање со прстите по дупчињата се добива саканиот тон.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia