Окситанија
Окситанија [2] (француски: Occitanie; окситански: Occitània; каталонски: Occitània) ― административен регион во Франција, основан на 1 јануари 2016 година со здружување на поранешните региони Лангдок-Русијон и Југ-Пиринеи. На 28 септември 2016 година, Државниот совет го одобрил името Окситанија за новоформираниот регион, а одлуката стапила на сила на 30 септември 2016 година.[3] Современиот административен регион е именуван по историскиот регион Окситанија. Регионот Окситанија во денешните граници во најголема мера ја зафаќа територија со која владееле грофовите од Тулуз во 12 и 13 век. Во 2015 година, во Окситанија имало 5.839.867 жители. ГеографијаОкситанија е втор по големина регион во континентална Франција, зафаќа површина од 72 724 km2; има население од 5,845,102 (2017).[4] На југоисток излегува на Средоземно Море, се граничи со Прованса-Алпи-Азурен Брег на исток, Оверњ-Рона-Алпи на североисток и Нова Аквитанија на запад и северозапад, како и со државите Андора (Каниљу, Анкам, Ла Масана, Урдину) и Шпанија (Арагон и Каталонија) на југ. Поголеми населени места![]() Најголеми комуни во Окситанија се (во 2017):[5]
ЕкономијаБруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 година бил 171,2 милијарди евра, што претставува 7,3% од францускиот БДП. БДП по глава на жител приспособен на куповната моќ бил 26.000 евра или 86% од просекот на ЕУ27 истата година. БДП по вработен бил 102% од просекот на ЕУ.[6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia