Лоарски Крај
Лоарски Крај (француски: Pays de la Loire, француски изговор: [pɛ.i də la lwaʁ]) — еден од 27-те региони во Франција. Тој е еден од регионите создадени во доцниот 20 век за да му служи како зона на влијание на неговиот главен град, Нант, односно, еден од оние региони наречени ’’метрополи на баланс’’(métropoles d'équilibre) исто како Рона-Алпи, регион создаден заради градот Лион, и Југ-Пиринеи, создаден заради Тулуза. Историја![]() Лоарскиот Крај е создаден од следниве историски провинции:
Оттука, името на регионот, избрано од страна на француската извршна власт, не се засновало на историјата, туку само на географски одредници: Pays (односно "земји") de la Loire (односно "на Лоара"). Сепак, поголемиот дел на познатите замоци по долината на Лоара се наоѓаат во регионот 'Центар-Долина на Лоара, а не во Лоарски крај. Географија![]() Регионот Лоарски Крај се протега на површина од 32.082 км2. Името го носи по реката Лоара која минува низ дв од неговите департмани пред да се влее во Атлантскиот Океан. Последните нејзини притоки го напојуваат регионот. Тоа се реките Лоар, Сарт и Мајен кои се здружуваат за да ја формираат реката Мен во Анже, реката Ердр, на север ; реката Туе и Нантска Севра на југ. Вкупно во регионот има 18.000 километри водни текови. Релљефот на регионот претежно е долина. Највисока точка е планината Авалоар (417 метри). Регионот го заплискува Атлантскиот Океан во должина од 368 километри и поседува два поголеми острова – островот Ноармутје и островот Ил д`Ие. Брегот е на некои места е марпест а некаде песоклив, особено кај устието на Лоара. Во однос на површината, регионот е петти по големина во Франција зад Југ-Пиринеи (1), Рона-Алпи (2), Аквитанија (3), Центар-Долина на Лоара (4)). ДемографијаЖителите на Лоарски Крај се нарекуваат Лигеријци (Ligériens)[1]. На 1 јануари 2008, населението во Лоарски Крај броело 3.510.170 жители[2]. Населението е поконцентрирано околу седумте поголеми урбани зони со повеќе од 100.000 жители како : Нант, Анже, Ле Ман, Ла Рош-сир-Јон, Шоле, Сен-Назер и Лавал.
СтопанствоВо поглед на население и бруто-домашниот производ, регионот е на 5то место во Франција. Економијата е значајна во земјоделско-прехранбената индустрија (на 3-то место во Франција) со своите 51 % во производството на месо, 19 % млеко, 20% жита. Земјоделството зазема 67 % од територијата. Лоарски Крај е на прво место во Франција по производство на говедско месо а на второ по производство на млеко, компир, пилешко и свинско месо. Знаменитости
![]()
Наводи
Надворешни врски
47°28′N 0°50′W / 47.467°N 0.833°W
|
Portal di Ensiklopedia Dunia