Октав Мирбо
Октав Мирбо (француски: Octave Mirbeau) (16 февруари 1848 - 16 февруари 1917) — француски писател, драматург, критичар и памфлетист. Најважни дела му се романите Распетие (1886), Опатот Жил (1888), Себастијан Роk (1890), Градина на мачењето (1899) и Дневникот на една собарка (1900). Исто така, тој се смета за многу важен авангарден интелектуалец од крајот на XIX и почетокот на XX век. ЖивотописСвојата кариера Мирбо ја започнал како новинар и како писател кој за пари пишувал книги по порачка. Мирбо бил активно вклучен во граѓанскиот живот на Франција: ги поддржувал анархистите, а застанал во одбрана на Алфред Драјфус за време на познатата афера. Во поголемиот дел од својот живот жестоко застапувал антимилитаристички, антиклерикални и феминистички идеи и ги застапувал правата на работниците и нивните синдикати. Исто така, се залагал за укинување на работата на децата, за правото на бесплатно образование, за укинување на смртната казна, се борел против рускиот царски режим и против репресијата врз јапонските дисиденти. Најпосле, Мирбо бил еден од основачите на Академијата Гонкур.[1] Книжевно творештво![]() На почетокот на својата книжевна кариера, Мирбо пишувал книги по порачка, а дури подоцна почнал да објавува под свое име. Тој бил плоден автор и објавил околу 1200 куси раскази и други текстови. Најважни дела му се трите автобиографски романи: „Распетие“ 91886), „Опатот Жил“ (1888) и „Себастијан Рош“ (1890), како и романите „Градина на мачењето“ (1899) и „Дневникот на една собарка“ (1900).[2] Исто така, Мирбо бил активен и како книжевен и ликовен критичар. Притоа, тој го поддржувал творештвото на Огист Роден, Клод Моне, Камиј Писаро, Пол Сезан, Пол Гоген, Огист Реноар, а бил еден од првите критичари кои високо ги вреднувал делата на Винсент ван Гог. Како книжевен критичар, тој го открил белгискиот симболист Морис Метерлинк, а пишувал критички текстови и за делата на: Реми де Гурмон, Марсел Швоб, Леон Блој, Алфред Жари и Валери Ларбо.[3] Мирбо ги објавил следниве дела:
![]() Книги за Мирбо
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia