Оливер Скип
Оливер Вилијам Скип (роден на 16 септември 2000, во Велвин Гарден Сити) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Лестер Сити. Технички карактеристикиТој е дефанзивен играч од средниот ред, обдарен со добра динамика и е тактички флексибилен, со оглед на тоа што може да го повлече својот опсег на дејствија со повремено играње дури и во одбранбената линија. Клупска кариераСкип ја започнал својата кариера во Бенгео Тајгерс, пред да се приклучи на академијата на Тотенхем во 2008 година.[1] На 29 август 2018 година, Скип го потпишал својот прв професионален договор со клубот во кој израснал, обврзувајќи се на тригодишна верност кон Тотенхем.[2] Своето професионално деби за Спарс го направил во победата со 3–1 над Вест Хем Јунајтед во натпревар од Лига купот на 31 октомври 2018.[3] Подоцна истата година, на 5 декември, тој, исто така, го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи во игра на местото на Киеран Трипиер во последните минути од победата над Саутхемптон со 3-1 на домашен терен.[4] Во јануари 2019 година, Скип асистирал за два гола во победата на Тотенхем со 7–0 над Транмир Роверс во ФА Купот.[5] На 6 ноември 2019, тој дебитирал во Лигата на шампионите, влегувајќи во 86-тата минута на местото на Џовани Ло Селсо, во победата со 4-0 на гостувањето против Црвена Ѕвезда. На 17 јули 2020 година, Скип потпишал нов тригодишен договор со Тотенхем со опција и за четврта година.[6] Сепак пред почетокот на сезоната 2020–2021, тој му се приклучил на Норич Сити на позајмица до крајот на сезоната, со цел да добие повеќе простор за игра.[7] Скип го постигнал првиот гол во својата професионална кариера во победата со 3–1 над Бирмингем Сити на 23 февруари 2021 година.[8] Со 45 настапи и еден постигнат гол Скип одиграл значајна улога во триумфалната сезона на Норич во која клубот ја освоил титулата во Чемпионшип и се вратил експресно во Премиер лигата после само една сезона отсуство. Покрај тоа што му помогнал на Норич да избори промоција, младиот играч од средниот ред бил вклучен и во ПФА тимот на годината за 2021 година.[9] Скип се етаблирал како редовен стартер за Тотенхем во првата половина на сезоната 2021-2022, забележувајќи 18 настапи пред да се здобие со повреда на карлицата во јануари, поради која го пропуштил остатокот од сезоната.[10] На 20 април 2022 година, Скип потпишал нов петгодишен договор со Тотенхем кој истекува во 2027 година.[11] Откако закрепнал од повредата, Скип се вратил во акција за време на претсезонските пријателски натпревари на Тотенхем во јули 2022 година.[10] На 26 февруари 2023 година, во лондонското дерби против Челси, тој го постигнал првиот гол на натпреварот само 19 секунди по рестартирањето на второто полувреме забележувајќи го својот прв сениорски гол за Спарс.[12] Репрезентативна кариераСкип ја претставувал Англија во репрезентациите под 16, под 17 и под 18 години.[13] На 30 август 2019 година, тој за првпат бил вклучен во англиската репрезентација под 21 година.[14] Тој на крајот го направи своето деби во селекцијата под 21 година на 11 октомври 2019, влегувајќи како замена за време на ремито 2-2 против Словенија во Марибор.[15] На 14 јуни 2023 година, Скип бил вклучен во репрезентацијата на Англија под 21 година за Евопското првенство за играчи под 21 година 2023.[16] Клупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 1 јули 2022.
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia