Оливер ШамбевскиОливер Шамбевски (Скопје, 23 јануари 1973 ) — македонски политичар, поранешен амбасадор на Македонија во Италија, НР Кина, Монголија, Виетнам, Северна Кореја и професор по македонска книжевност. ЖивотописШамбевски е роден во Скопје на 23 јануари 1973 година. Тој е потомок на еден од воскреснувачите на идејата за ВМРО во македонската дијаспора по Втората светска војна - Благој Шамбевски.[1] На политичката сцена се јавува како пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, чиј мандат трае од 2006 до 2008 година.[2] Од 2010 година ја извршува и должноста Амбасадор на Македонија во Кина, Монголија[3], Виетнам[4] и Северна Кореја. Поради своите активности во Кина, тој во 2010 година од страна на престижното кинеско списание „Дипломат“ во соработка со кинеското Министерство за надворешни работи на НР Кина бил прогласен за најпопуларен амбасадор во Кина за 2010 година.[5] За време на својот амбасадорски мандат, тој со својата жена Магдица и двата сина Борис и Константин живеел во Пекинг.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia