Омега-3 масна киселина
Омега−3 масни киселини, исто така неречени и омега−3 масла, ω−3 масни киселини или n−3 масни киселини,[1] се полинезаситени масни киселини кои во својата структура имаат двојна врска на третиот атом од терминалната метил група.[2] Тие се широко распространети во природата, и се важни компоненти во метаболизмот на липидите кај животните, и играат важна улога во човечката исхрана и физиологија.[2][3] Трите главни видови на омега−3 масни киселини кои се вклучени во човечката физиологија се α-линоленската киселина (ALA), еикозапентаеноинската киселина (EPA) и докозахексаеноинската киселина (DHA). ALA е присутна во растенијата, за разлика од DHA и EPA кои се присутни во алгите и рибите. Морските алги и фитопланктонот се главни извори на омега−3 масни киселини.[4] DHA и EPA се акумилираат во рибите преку нивната исхрана со алги.[5] Вообичаени извори на растителни масла што содржат ALA се ореви, јастиви семиња, ленено семе и конопно масло, додека извори на EPA и DHA се риба и рибино масло,[1] и масло од алги. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia