Онега (езеро)
Онега (руски: Оне́жское озеро, Онего, фински: Ääninen, Äänisjärvi) е езеро во европскиот дел на Русија. Површината на езерото изнесува 9.894 км2, неговата зафатнина изнесува 280 км3, просечната длабочина е 30 метри, а максималната длабочина е 120 м.[1][2] На езерото има 1.369 острови и нивната вкупна површина изнесув 250 км2. Езерото Онега е второ по големина езеро во Европа (веднаш по езерото Ладога) и е седумнаесетто на светот.[3] Езерото е поврзано со Белото Море преку Беломорско-балтичкиот канал. На островот Кижи, кое се наоѓа во северниот дел на езерото, се наоѓаат неколку дрвени цркви кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО. На езерото, доста е застаоено едрењето. Освен тоа езерото има големо економско значење заради развиениот риболов и транспорт. Водата од езерото Онега се користи за погон на големата хидроелектрана Свистроја. РекиВо езерото се влеваат 58 реки, а главни се: Од езерото истекува реката Свир која го поврзува со езерото Ладога, а преку него со езерото Нева, Ленинград и Финскиот Залив. ГрадовиПетрозаводск е главен град на Републиката Карелија, која се наоѓа на западниот брег на езерото Онега. Карелија го покружува езерото од запад, север и исток, а од јужниот дел езерото припаѓа на Ленинградската област и Волоградската област. Освен него на езерото се наоѓаат и градовите:
ПоврзаноНаводи
Галерија
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia