Ордан Михајлоски-Оцка
Ордан Михајлоски - Оцка (Прилеп, 1921 - Орехово, Битолско, 3 мај 1942) — македонски виолинист и партизан, учесник во НОВ. ЖивотописМихајловски е роден во Прилеп во 1921 година. Бил талентиран музичар и образуван виолинист. Како член на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ во времето на неговото формирање на 23 октомври 1941 година, учествувал во создавањето на песната и составувањето на музиката за химната на партизанското движење во Македонија А бре, Македонче.[1] ![]() По расформирањето на Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ дејствувал илегално во селото Лавци, Битолско. По формирањето на првиот Битолски партизански одред „Пелистер“, бил член на раководството задолжен за агитација и пропаганда. Загинал во текот на борбата кај Ореовската Корија, Битолско, на 3 мај 1942 година, кога одредот бил разбиен од страна на бугарскиот окупатор.[2] Во негова чест е наречено основното музичко училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ во Прилеп. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia