Ориноко
Ориноко (шпански: Río Orinoco) — една од најголгите реки во Јужна Америка, со должина од 2.140 км. Сливот зафаќа површина од 880.000 км2, од кои 76,3% се во Венецуела а остатокот во Колумбија. Реката Ориноко и нејзините притоки образуваат значаен сообраќаен систем во источниот и внатрешниот дел на Венецуела и рамничарските делови во Колумбија. ИсторијаУстието на Ориноко прв го забележал Кристофер Колумбо, на своето трето патување во 1498 г, но изворот е истражен дури во 1951 г. Тој се наоѓа на венецуелско-бразилската граница, на надморска височина од 1.047 м (02°19′05″N 63°21′42″W / 2.31806°N 63.36167°W). Делтата и притоките на Ориноко во источните долини на Апуре и Мета се истражени во XVI век од германска експедиција под водство на Амброзиј Ехингер и неговите наследници. Во 1531 г. Диего де Ордаз испловил од устието до вливот на Мета, додека пак Антонио де Берио испловил до Касанаре, до Мета, а потоа по Ориноко се вратил во Коро. Во 1800 г. сливот го го истражил познатиот природонаучник и географ, Александар фон Хумболт. Во патувањата ги забележал речните делфини, и пишувал бројни извештаи и трудови за флората и фауната на подрачјето.[2] ГеографијаТечението на Ориноко има облик на широк елипсовиден лак околу Гвајанскиот Штит. Поделен е на четири потези со нееднаква должина:
![]() ![]() ![]() Во устието, Ориноко образува широка делта што се разгранува на стотици реки и водотеци што течат низ мочурливо шумско подрачје од 41.000 км2. Во дождливата сезона, реката надоаѓа до ширина од 22 км и длабочина од 100 м. Највеќето поважни реки во Венецуела се притоки на Ориноко. Од нив најголема е Карони, која се влева во Ориноко кај Пуерто Ордаз, недалеку од водопадите Љовизна. Интересен елемент на речниот систем на Ориноко е каналот Каскијара, кој почнува како ракав на Ориноко, па завршува во Рио Негро, притока на Амазон — така образувајќи „природен канал“ помеѓу Ориноко и Амазон. Поважни реки во сливот на Ориноко
ЕкологијаВо Ориноко живеат водни животни како амазонскиот делфин и ориночкиот крокодил, еден од најретките влекачи во светот (250 единки). Its present-day range in the wild is restricted to the Orinoco River Basin. The Orinoco is home to карипската пирана (Pygocentrus cariba). Стопански активностиРеката е пловна по најголемиот дел од течението is navigable for most of its length, а багерското прокопување на коритото овозможува пристап за прекуокеанските бродови сè до градот Боливар на вливот на реката Карони, 435 км спротиводно. Речните пароброди носат стоки до Пуерто Ајакучо и Атурските Брзаци. Железна рудаВо 1926 г. венецуелски инженер пронашол многу богато наоѓалиште на железна руда во сливот, јужно од Сан Феликс, на планината Ел Флореро. Целосната експлоатација на наоѓалиштето започнала по Втората светска војна, од група здружени венецуелско-американски претпријатија. Во почетокот на 1950-тите, од рудникот дневно се ископувале околу 10.000 тони рудоносна земја.[3] Нафтен песокБреговите на реката се богати со нафтен песок во т.н. „нафтен појас“, кој е потенцијална суровина за добивање на нафта во иднина.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia