Осаменост![]() Осаменост — непријатно чувство при кое личноста чувствува силна празнина и самотија, која е резултат на несоодветни социјални врски. Осаменоста исто така може да се опише како психолошка болка, која е всушност психолошки механизам наменет да ја алармира личноста за нејзината изолација и да ја мотивира да бара нови значајни социјални врски. Осаменоста се преклопува, но сепак се разликува од самотијата. Самотијата е состојба да се биде одвоен од другите; не секој што е сам се чувствува осамено. Како лична емоција, осаменоста може да се почувствува дури и кога личноста е опкружена со други луѓе. Осамен е оној што се чувствува осамено. Причините за осаменоста се различни. Тие вклучуваат социјални, психолошки, емоционални и еколошки фактори. Истражувањата покажаа дека осаменост има во сите пори на општеството, вклучително и кај луѓето во брак и меѓу луѓето со успешна кариера. Повеќето луѓе чувствуваат осаменост во одерден период од животот, а некои ја чувствуваат пречесто. Ако емоцијата е краткотрајна, осаменоста може да биде корисна; го поттикнува зајакнувањето на односите. Од друга страна, хроничната осаменост во принцип се смета за штетна, со бројни студии во кои се заклучува дека е значаен ризичен фактор кој влијае на менталното и физичкото здравје. Причини![]() ЕгзистенцијалниНа осаменоста долго време се гледало како на универзална состојба која, барем во умерена мера, сите ја чувствуваат. Според ова стојалиште, неизбежен е одреден степен на осаменост бидејќи поради ограничувањата во животот невозможно е постојано да се задоволува вродената потреба за дружење. Томас Волф во своето дело „Божјиот осамен човек“ наведува дека секој си замислува дека е осамен на посебен начин, уникатен за личноста, и дека секој еден поединец понекогаш страда од осаменост.[1][2] КултурниКултурата е причина за осаменост од два типа. Емигрантите може да патат од осаменост поради тоа што им недостига културата од родниот крај. Некои студии покажаа дека овој ефект е изразен кај студенти од азиските земји (во кои има колективна култура), кога ќе одат да студираат на универзитети во земји од англиско говорно подрачје (кои се одликуваат со индивидуалистичка култура.[3] Културата е причина за осаменост и во смисла дека западната култура ја поттикнува осаменоста, уште од времето на просветителството кога почнало да се фаворизира индивидуализмот пред традиционалните вредности од живеење во заедница.[1][2][4] Немање соодветни меѓучовечки односиПоради бројни причини како: воспитувањето, традициите, проблеми со менталното здравје, некои поединци не можат да воспостават нови односи со други луѓе, или тоа го прават со големи потешкотии. Сите овие фактори се занемарувани од стандардните медицински или психолошки совети кои препорачуваат да се запознавате со пријатели, да поминувате време со семејството и да се дружите. Но, ова не е секогаш возможно бидејќи некогаш личноста нема со кого да се поврзе, или пак ги нема потребните вештини и знаење за поврзување и продолжување на дружењето. По одредено време, личноста може да се обесхрабри или да развие апатија од бројните обиди, неуспеси или отфрлања предизвикани од недостатокот на меѓучовечки вештини. Прекинување на врскатаОсаменоста често се јавува како последица на раскинување на врската или загуба на саканата личност. Загубата на значајна личност во животот обично ќе предизвика жал и тага; во ваква ситуација, личноста може да се чувствува осамено, дури и ако е во друштво. Поради одење на друго место за работа или школување може да се појави осаменоста затоа што се нарушува социјалниот круг, а понекогаш и во комбинација со носталгија.[1][4] СитуацискиРазни ситуации и настани можат да предизвикаат осаменост. На пример, екстровертна личност која сака да се дружи е многу веројатно дека ќе се чувствува осамено ако живее во место со мала густина на население, и со помалку луѓе со кои може да комуницира. Некои настани, од кои обично се очекува да ја ублажат осаменоста можат да ја поттикнат или засилат. На пример раѓањето (ако има значителна постпородилна депресија) или по стапување во брак (особено ако бракот е нестабилен, ги нарушува претходните врски со пријателите или студени емоции меѓу партнерите).[1][4] ТиповиДва главни типа на осаменост се друштвена и емоционалната осаменост. Ова разграничување е направено од Роберт С. Вајс во 1973 во неговото дело: Осаменост: Искусувањето на емоционална и друштвена изолација. [5] Вајс смета дека „двата типа на осаменост треба независно да се испитуваат, зошто задоволувањето на потребата за емоционална осаменост не може да биде противтежа на друштвената осаменост, и обратно“.[3][6] Друштвена осаменостДруштвена осаменост е осаменоста што луѓето ја чувствуваат затоа што немаат широка социјална мрежа. Често сметаат дека не се членови на заедницата или дека немаат пријатели или сојузници на кои ќе се потпрат во тешки времиња.[3][5] Емоционална осаменостНедостатокот на цврсти односи, кои се негуваат долго време, со други луѓе предизвикува емоционална осаменост. Вајс својот концепт за емоционална осаменост го поврза со теоријата на приврзаност. Луѓето имаат потреба длабоко да се приврзат за некого. Тоа може тоа да се блиските пријатели, но почесто се членовите на семејството, како родителите, а подоцна и животниот сопатник. Во 1997 година, Енрико ДиТомазо и Бери Спинер ја поделија емоционалната осаменост на романтична и семејна осаменост.[3][7] Семејна осаменостСемејната осаменост е кога поединците чувствуваат дека немаат блиски врски со членовите на семејството. Романтична осаменостРомантична осаменост (која се јавува само кај адолесцентите и возрасните) е немањето на немаат блиска врска со романтичен партнер. Психолозите тврдат дека посветувањето во романтична врска е критична развојна задача за младите луѓе, но исто така е и задача што многумина ја одложуваат до доцните 20-ти или подоцна. Луѓето во романтични врски пријавуваат помалку осаменост од луѓето кои не се во врска.[3][8] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia