Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначајни, а работите кои го растажуваат се големи. Човекот е среќен кога нема грижи, кога е задоволен од својот живот, кога желбите му се остварени, но не е среќен ако неговите желби се остварени, а не се остварени желбите на некои луѓе (особено, на блиските).
Филозофија на среќата
Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, најголемата можна среќа за човекот на овој свет е да живее спокојно поради својата состојба полна со смирена и сигурна надеж за некоја многу подобра иднина. Притоа, тој не треба да се вознемирува со желбата што побрзо да ја ужива замислената најубава иднина.[1]
Постојат бројни обиди за мерење на среќата и факторите од кои зависи таа. Според истражувањето на Школото „Вудро Вилсон“ (Woodrow Wilson School) во рамките на Универзитетот „Принстон“ (Princeton University), нивото на среќата зависи од заработувачката на луѓето, но среќата се зголемува само додека се достигне заработувачка од 75.000 долари, годишно. Потоа, независно од порастот на доходот, чувството на среќа стагнира. Понатаму, истражувањето покажало дека постојат два вида среќа: таа што се менува секојдневно, под влијание на стресот или емоциите поврзани со дневните случки, а втората е подлабоката форма насреќа, која се однесува на задоволството од одвивањето на животот, воопшто. Оттука, луѓето кои заработуваат повеќе од 75.000 долари годишно чувствуваат дека нивниот живот се подобрува, но тоа не им ја зголемува секојдневната среќа. Од друга страна, луѓето кои заработуваат помалку од 75.000 долари не се потажни, туку повеќе се изложени на непријатни ситуации во врска со решавањето на секојдневните проблеми.[3]
Среќата како тема во уметноста и во популарната култура
„Ах, каква среќа“ (српски: Ah kakva sreća) — песна на српската рок-група Дисциплина кичме од 1989 година.[25]
„Среќен“ (англиски: Happy) - песна на американскиот поп-пејач Фарел Вилијамс.[26]
„Се надевам дека сега си среќна“ (англиски: I Hope You're Happy Now) - песна на англискиот рок-музичар Елвис Костело од 1986 година.[27]
„Биди среќен!!“ (англиски: Get Happy!!) — музички албум на Елвис Костело (Elvis Costello) од 1980 година.[28]
„Среќа“ — песна на хрватската поп-пејачка Јосипа Лисац од 1973 година.[29]
„Кога знаеш зошто си среќен“ (англиски: When You Know Why You're Happy) - песна на канадската музичарка Мери Маргарет О'Хара (Mary Margaret O'Hara) од 1988 година.[30]
„Под маската на среќата“ (англиски: Under The Mask Of Happiness) - песна на американскиот рок-музичар Греам Паркер (Graham Parker) од 1988 година.[31]
„Среќна и крварам“ (англиски: Happy And Bleeding) - песна на британската рок-музичарка П Ј Харви (P J Harvey) од 1992 година.[32]
„(Дали си) Среќен?“ (англиски: (Are You) Happy?) - песна на американската хард-кор група Реган Јут (Reagan Youth).[33]
↑Лидија Георгиева, „Иднината е споделба - нови модели за среќа на работното место“, Економија и бизнис, година 18, број 212, февруари 2016, стр. 28-31.
↑Николина Андова, Влезот е од другата страна, Темплум, Скопје, 2013.
↑Ана Бунтеска, Стави лајк на сопствениот живот. Скопје: Матица Македонска, 2015, стр. 43-44.
↑Пакал Гилевски, „За поезијата на Пол Верлен“, во: Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987.
↑Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 12.
↑Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.