Осма македонска дивизија на КНОЈ
Осма македонска дивизија на КНОЈ била формирана во слободно Скопје, во втората половина на декември 1944 година.[1] Команден составКомандниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
Политички комесари биле:
Состав и активностиНа 15 август 1944 година Врховниот командант наредил да се формира корпус на народната одбрана на Југославија (КНОЈ), чија основна задача би била обезбедување ред и мир во заднината на единиците и заштита на државните граници. Дури по конечното ослободување на Македонија, во рамките на воената реорганизација е формирана оваа дивизија. Во нејзин состав влегле Петтата, Десеттата и Триенаесеттата македонска ударна бригада, и по еден баталјон од составот на Дваесеттата и Дваесет и првата македонска ударна бригада.[1] Конечното оформување на оваа дивизија се завршило со упатување на уште една бригада во нејзиниот состав, составена од војници од белградската и војводинската дивизија на КНОЈ. Дивизијата била упатена во реонот на Битола, а нејзина задача била заштита на јужната граница на Демократска Федеративна Република Југославија, како и борба со остатоците на непријателските елементи. По наредба на Врховната команда на југословенската армија, сите народноослободителни партизански одреди, месни стражи и команди на места влегле во составот на оваа дивизија.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia