Основен суд КратовоОсновен суд Кратово — суд со основна надлежност сместен во градот Кратово и го опфаќа подрачјето на општината Кратово.[1] Судот во Кратово ја извршува судската власт во прв степен во рамките на гореспоменатата општина. Основниот суд во Кратово одлучува за сите дела во прв степен по кривични дела и прекршоци извршени на подрачјето на општината Кратово. ИсторијаОсновниот суд во Кратово е основан на 31 март 1945 година со донесувањето на Повелбата на Президиумот на АСНОМ за устројство на редовните судови во Македонија. Внатрешна организацијаОсновниот суд во Кратово располага со три судници. Судот се наоѓа на улицата „Јосиф Даскалов“ бб, сместен во центарот на градот. Зградата на судот се состои од три ката со приземје и подрумски дел. Судот има ангажирано четири судии за решавање на предметите, од кои еден е претседател на судот и тројца судии. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia