Општина Кратово
![]() ![]() Кратово — општина во северниот дел на североисточна Македонија со административен средиште во градот Кратово. Лежи на изгаснати вулкански купи (кратери) од каде е и добиено името. Во општината се наоѓаат и неколку антички рудници за злато од античкоримскиот период. ГеографијаИсторијаКратово историски е значајно рударско место, низ кое поминале голем број на освојувачки војски. СтопанствоДемографијаСедиште на општината е градот Кратово. Во општината живеат 10 441 жител од кои:[2] 10 231 (97,99 %) се Македонци 151 (1,45 %) се Роми 33 (0,32 %) се Срби 8 (0,08 %) се Турци 1 (0,01 %) се Власи 17 (0,16 %) се други националности. Во општината не живеат Албанци и Бошњаци.
Општина Кратово зазема подрачје од 375,44 км2 и има густина на населеност од 27,81 жит./км2. Во состав на општината влегуваат и 30 села: Близанци, Вакуф, Горно Кратово, Димонце, Емирица, Железница, Живалево, Каврак, Кетеново, Кнежево, Којково, Коњух, Крилатица, Куклица, Куново, Луково, Мушково, Нежилово, Пендак, Приковци, Секулица, Страцин, Талашманце, Татомир, Тополовиќ, Трновац, Туралево, Филиповци, Шлегово и Шопско Рударе. Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на општина Кратово е Љупчо Бојаџиев од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[3] Бојаџиев станал првиот градоначалник на Кратово од 1991 година кој не бил кандидат на СПМ. Советот на општина Кратово е составен од 15 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 9 места ВМРО-ДПМНЕ: 6 места Културни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia