ОсташковОсташков ( руски: Осташков) е град на северозапад на европскиот дел на Руската Федерација и административен центар на Осташковскиот реон сместен во северозападниот дел на Тверската област. ![]() Според проценките на Националната статистичка служба, во градот во 2014 година живееле 17 109 жители. ГеографијаГрадот Осташков се наоѓа на северозапад на Тверската област, односно во централниот дел на Осташковскиот реон, на кој е исто така и административен центар. Се наоѓа на тесен полуостров на јужниот брег на езерото Селигер и е оддалечен на околу 200 километри северозападно од административниот центар на областа на градот Твер. На околу еден километар и половина источно од градот, од езерото тече реката Селижаровка, првата значајна притока на реката Волга, додека на околу 7 километри јужно од градот се наоѓа моренскиот езерото Сиг. ИсторијаНаселбата Осташково за првпат се споменува во пишани извори во 1371 година во писмо од литванскиот кнез Алгирдас упатено до Цариградскиот патријарх Филотеј. Во тоа писмо, Осташков се споменува како погранична населба Кличен на границата со Московското Кнежевство, сместено на истоимениот остров на езерото Селигер. Населбата во 1393 година ја освоиле и целосно разрушиле новгородските војници. Според легендата, единствениот преживеан од уништувањето бил локалниот рибар Јевгениј Осташко, кој подоцна основал нова населба наречена по него, Осташков. Во периодот од XV до XVIII век, Кличен-Осташков бил центар на истоимената парохија, која прво била дел од Ржевското кнежевство, а потоа и од Ржевскиот округ. Потоа во периодот од 1772 година до 1775 година станал центар на Осташковскиот округ во Тверската провинција, а потоа и Тверската губернерија. Во 1770 година Осташков добил статус на слободен град. ДемографијаСпоред податоците од пописот во 2010 година во градот живееле 18 088 жители, додека според проценките за 2014 година градот имал 17 109 жители.
Збратимени градовиПоврзано
Користена литератураНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia