Република Татарстан или Татарија (руски: Респу́блика Татарста́н; татарски (кирилица): Татарстан Республикасы, латиница: Tatarstan Respublikası) е федерална република на Русија.
Неофицијалната девиза на Татарстан е: Buldırabız! (Можеме!).
Жителите на Татарстан, независно од нивното етничко потекло, се нарекуваат Татарстанци.
Името Татарстан потекнува од „Татар“ и персискиот збор „стан“ (наставка за градење имиња на земји, истоветно на латинскиот „- ија“ користен во Европа). Другите форми на името на Татарстан се руското Татарија (поранешно официјално руско име) и турското Татаристан.
Александар Василевич Суворов (рус.Александр Васильевич Суворов), грофРимнишки, кнезИталијански, гроф на Светото Римско Царство (24 ноември1729 – 18 мај1800), бил четвртиот и последен руски генералисимус (без Сталин). Еден од малкуте велики војсководци во историјата кои никогаш не изгубиле битка, прочуен по својот прирачник Наука на победата („Наука Побеждать“) и познат по своите мисли „Тешко во обуката, лесно в бој“ („Тяжело в учении, легко в бою“), „Куршумот е глупак, а бајонетот е јунак.“ („Пуля дура, штык молодец.“), „Загини самиот, но спаси го другарот!“ („Погибни сам, но спаси товарища“).