Островски келтски јазици
Островските келтски јазици се келтски јазици кои потекнуваат од Британските Острови, за разлика од континенталните келтски јазици од континентална Европа и Анадолија. Сите келтски јазици кои опстанале до денес се од островската група. Континенталните келтски јазици се изумрени. Шесте денешни келтски јазици може да се поделат на: Островска келтска хипотеза„Островската келтска хипотеза“ е теорија дека британските и гелските јазици се развиле заеднички на тие острови, со заеднички предок кој е поскорешен од предците заеднички со континенталните келтски јазици како келтоиберските јазици, галскиот, галатискиот и лепонтскиот, меѓу останатите, од кои сите денес се изумрени. Поборниците за оваа хипотеза (како Cowgill 1975; McCone 1991, 1992; и Schrijver 1995) укажуваат на заедничките иновации кои ги делат островските келтски јазици, како флективните предлози, употреба на глаголски честички, збороред VSO, и разликувањето помеѓу апсолутни и сврзани глаголски наставки, како што често се среќава во староирскиот и, во мала мера, и во средновелшкиот (видете Пракелтски јазик#Морфологија). Тие тврдат дека делбата на британските и галскиот јазик од една страна, и гелскиот и келтоиберскиот на друга страна може да е површна (т.е. дека се должи на феномен на јазичен контакт), бидејќи идентичната гласовна промена од (/kʷ/ во /p/) може да се случила независно кај предците на галскиот и бритонските јазици, или се рашириле по пат на јазичен контакт помеѓу овие две групи. Семејната лоза на островските келтски јазици е следнава:
Оваа е табела на когнати (сродни зборови) која го прикажува развојот на пракелтското */kʷ/ во /p/ кај галскиот и британските јазици, но во /k/ кај гелските јазици.
Значајна разлика помеѓу гелските и британските јазици е трансформацијата на *an, am во деназализирана согласка со издолжување, é, пред првобитно безвучен плозив или фрикатив, на пр. староирско éc „смрт“, écath „јадица“, dét „заб“, cét „сто“ наспроти велшкото angau, angad, dant и cant. Инаку:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia