Средноирски јазик
![]() Средноирски јазик (средноирски: Gaoidhealg, изговор: г’јелг, МФА: [ˈɡɯːʝeɫɡ]) — назив кој историските филолози му го имаат дадено на гелскиот јазик кој се зборувал од XX до XII век; затоа стој се смета за современик на доцниот староанглиски и раниот средноанглиски јазик.[1][2] Современите гелски јазици: ирскиот, шкотскиот гелски и манскиот произлегуваат од средноирскиот јазик. Во врвот на неговата распространетост, средноирскиот јазик се зборувал ширум Ирска, Шкотска и Манскиот Остов; од Манстер до северноморскиот остров Инчколм. По географски опсег ова бил најраспространетиот од сите островски јазици пред доцниот XII век, кога средноанглискиот јазик почнал да се шири во Ирска, и многу келтски региони во северна и западна Британија. Ретко кој средновековен европски јазик може да се мери со средноирскиот по книжевниот обем и зачуваната литература. Зачувувањето на јазикот во голема мера се должи на истрајноста на неколкумина ирски старинари од раното ново време, но самиот обем на зачувани саги, летописи, хагиографии, итн., укажува на тоа колкава доверба средновековните гелски учени редови имале во својот вернакулар. Речиси сѐ од Ирска е зачувано, но многу малку од Шкотска и Ман. Наводи
Поврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia