Отонова архитектура![]() Отонова архитектура ― архитектонски стил кој еволуирал за време на владеењето на императорот Отон Велики. Стилот бил освован на територијата на денешна Германија и траел од средината на 10 век до средината на 11 век.[1][2] ИсторијаОтоновата архитектура го црпело своето вдаховение од каролиншката и средновековноримската архитектура.[1][2] Отоновата архитектура исто така црпи од христијанската уметност.[3] Овој стил на архитектура е пример за комбинација на христијанска архитектура, како и германски и средоземни стилови.[4] Освен некои примери под влијание на осмоагоналната Палатинска капела во Ахен, како што е Отмаршајм (11 век, Алзас) и апсидата на опатијата на „Св. Троица“ во Есен, религиозната архитектура има тенденција да се разликува од централизираниот план. Сепак, вдаховението од античкоримската базилика останува истовремена, а отоновата архитектура ја зачувува каролиншката двојна завршница со апсиди на двата краја на црквата. Отонова архитектура, особено во создавањето на цркви, е под влијание на античкоримската базилика. Црквите од ова време имаат долги бродови и апсиди. Архитектонското инженерство на нивните згради во голема мера се потпирало на математиката, што може да се види од тоа како мерењата на отоновите структури се пресметуваат по квадратна единица и колку се симетрични внатрешниот и надворешниот распоред.[4] Посебна особеност на овој стил се тенки ленти на надворешните ѕидови на зградите направени од камен. Оваа дизајнерска особеност е изведена од италијанските и римските архитектонски стилови. Ова особено може да се видат црквите од овој период и обично се користи само како дизајнерска особеност.[5] Во Отоновите и Каролиншките цркви, употребата на неколку алтери, трансепти, како и крипти станала поизразена.[6] Отонската архитектура игра улога во обредите на Средновековната Германска Империја, како што се крунисувањата на императорот.[7] Братот на Отон Велики, Бруно Велики, работел на дизајнирање, изградба, како и преизградба на многу згради во Отонов архитектонски стил. На пример, црквите како што се „Св. Мартин“, „Св. Гереон“, „Св.Сесилија“ и „Св. Панталеон“ биле сите проекти на кои тој имал влијание и работел, како и многу други.[8] Примери
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia