Ото Филип Браун

Ото Филип Браун
Лични податоци
Роден(а) 13 Дескември, 1798
Касел, Ландгравијат на Хесен-Касел (денешна Германија)
Починал(а) 24 Јули, 1869
Бад Вилдунген, Касел

Ото Филип Браун — еден од најуспешните странски волонтери кои учествувале во шпанско-американски војни на независност. Тој бил важен поддржувач на Симон Боливар и Антонио Хосе де Сукре, а подоцна и на Андрес де Санта Круз. Во 1838 година, Браун ја добил титулата „Голем маршал на Монтенегро“, како единствениот голем маршал на Боливија и единствениот странски маршал во Јужна Америка.

Ран живот

Браун одел на училиште во Касел додека не се приклучил на волонтерската бригада на чуварите на коњи на Изборното Кнежевство Хесен во 1814 година со цел да се бори против трупите на Наполеон. Потоа Браун отишол во Хановер каде студирал ветеринарна медицина. Ги продолжил студиите на Гетингенскиот универзитет.

Во 1818 година, Браун ја напуштил Европа опфатена со криза и емигрирал во Соединетите Американски Држави. Таму не успеал да се наметне како ветеринар. Неговиот престој на Хаити како официјален инструктор на коњи на кралот Анри Кристоф завршил исто така без посакуваниот долгорочен договор.

Воен живот

Ослободување на Јужна Америка

Браун се приклучил во армијата на Симон Боливар во средината на 1820 година како офицер со низок ранк. Фелипе Браун, како што го нарекувале оттогаш, учествувал во походите на Нова Гранада и Битката кај Карабобо во Венецуела. Тој се приклучил на гардата на Симон Боливар во 1821 година и го придружувал во неговата Кампања на југ за ослободување на денешните Еквадор и Перу како еден од неговите многубројни офицери.

На 6 август 1824 година, Браун бил првиот патриотски војник кој стапнал во рамнината на Јунин, каде што чекала супериорна коњаничка сила на кралско-шпанската војска на Хосе де Кантерак. Поради невообичаеното однесување на Браун и со текот на годините високо обучените и добро дисциплинирани единици, патриотската коњаница не само што се спротивставила на супериорноста, туку била во можност да го порази својот противник. Браун бил промовиран и оттогаш му припаѓал на интимниот круг на Симон Боливар и Антонио Хосе де Сукре.

Со Сукре, Браун учествувал во ослободувањето на Боливија. За време на неговото време во Боливија (1825–1828) Браун му служел лојален на боливискиот претседател Антонио Хосе де Сукре. По востанијата во Кочабамба и Ла Паз со кои учествувале делови од единицата со која командувал Браун, тој паднал во немилост. Ова фундаментално се променило кога Браун издржал други обиди и храбро ја нападнал перуанската инвазија на Боливија од 1828 година под генерал Агустин Гамара.

Револуционерни последици

Во Големата Колумбија-Перу војна Браун се борел на страната на Симон Боливар, Антонио Хосе де Сукре и Хуан Хосе Флорес. По неуспешната дипломатска мисија како официјален претставник на победниците, Браун морал да побегне завршувајќи во Валпараисо, Чиле (1829). Неколку месеци подоцна Браун можел да отпатува во Арекипа, Перу, каде конечно ја запозна својата сопруга Јуста Германа де Риверо и Абрил, со која се оженил преку писмен авторитет во 1828 година.

Во Арекипа Браун поминал речиси една година додека боливискиот претседател Андрес де Санта Круз побара Браун да се приклучил на неговата нова администрација. Браун прифатил и се преселил во Боливија. Од 1830 до 1839 година Браун станал еден од најуспешните генерали во историјата на Боливија. Понатаму, Браун станал многу вреден советник на претседателот Санта Круз. Подоцна го направил префект, му доверил цели војски и му ја препуштил одговорноста на министерството за одбрана. За време на Перуанско-боливиската Конфедерација (1836–1839) Браун му служел на Санта Круз во Конфедациската војна. Откако Браун триумфирал во Битката кај Монтенегро против аргентинската инвазија во јуни 1838 година, Санта Круз му доделил на Браун титулата: Голем маршал на Монтенегро. До денес Браун е единствениот странец кој некогаш ја има добиено оваа титула во Јужна Америка и воопшто единствениот маршал на Боливија.[1]

Откако Санта Круз ја загубила Битката кај Јунгај во јануари 1839 година против перуанско-чилеанската инвазија, неговата конфедерација се распадна поради револуција предводена од Хосе Баливијан и Хосе Мигел де Веласко, паднал и Браун. Тој морал да ја напушти Боливија и се упатил назад во Европа кога новиот претседател на Боливија, генерал Хосе Мигел де Веласко, го разрешил Браун и му ги отстранил сите титули. Години подоцна, во 1850 година, тој бил рехабилитиран од претседателот Мануел Исидоро Белзу по што се вратил неколку пати во Боливија и Перу каде што имал интереси во рудници за бакар и плантажи за кафе.

Подоцни години

Во 1861 година, по бројните трансатлантски патувања меѓу Европа и Јужна Америка, Браун засекогаш го напуштил континентот. Осум години подоцна Браун умрел во Бад Вилдунген. Десетици весници во Европа и Јужна Америка се сеќавале на придонесот на Ото Филип Браун за независноста на Јужна Америка, како и за изградбата на Република Боливија. Неговите останки се во Базиликата Сан Франциско, Ла Паз.

Наводи

  1. Ipsen, Detlev (1993). Bilder in der Stadt. Wiesbaden: VS Verlag für Sozialwissenschaften. стр. 325–339. ISBN 978-3-531-12507-7.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya