Отрантска Врата![]() ![]() Отрантска Врата (албански: Kanali i Otrantos; италијански: Canale d'Otranto) — проток што ги поврзува Јадранското и Јонското Море Италија from Албанија. Во најтесниот дел кај Отрантскиот ’Рт (Палашија) источно од Саленто, протокот е широк само 72 км.[1] Протокот е наречен по италијанскиот град Отранто. За време на Првата светска војна, протокот имал големо стратешко значење. Италија, Франција и Велика Британија во него сместиле лесни пловила, попречувајќи ѝ го влезот на Австроунгарската воена морнарица во Средоземното Море. Истите барикади не можеле да се справат со германските подморници кои успешно напаѓале во Јадранот и Средоземното Море во текот на целата војна.[2] Во денешно време протокот се соочува со голем број на нелегални имигранти кои албанската мафија ги криумчари на бродови. Поврзано
Наводи
40°13′10″N 18°55′32″E / 40.21944°N 18.92556°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia