Охридски чинар
Охридски чинар (Стар чинар или само Чинарот) — најголемото и едно од најстарите дрва во градот Охрид, позната знаменитост на градот, прогласено за споменик на природата на Македонија.[1] Тој е од видот чинар (Platanus orientalis).[2] Сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Џељовата магаза. ИсторијаСпоред преданието, чинарот е засаден од Климент Охридски во IX – X век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век.[2] Во 2012 година во лоши временски услови отцепени се голема гранка и дел од стеблото, по што е извршена делумна заштита. Подоцна во декември истата година дрвото одново настрадало во невреме.[2][3] Во септември 2017 година Советот на Општина Охрид го усвоил проектот за прогласување на Чинарот за споменик на природата и негова заштита.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia