Ова e список на спомениците на природата на Македонија. Некои од нив се прогласени со посебен закон донесен во Собранието на РМ, а некои со одлуки на општините. Според Законот за заштита на природата, овие заштитени подрачја припаѓаат на категоријата III на МСЗП.[1]
Наоѓалиштето се наоѓа околу 3 км западно над селото. Во варовнички плочи била најдена богата морска фауна составена од школки, амонити и полжави. Профилот е особенит за базалтниот дел на горна креда и по богатството на фосилните асоцијации спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта.
Извориштето и се наоѓа на западните падини на Јакупица, на селото, на надморска височина од 570 м. Иако оваа река има кус водотек од 5,2 км, таа има многу интересен пејсаж, особено во нејзиниот горен тек. Во сливот на реката има поголем број на спелеолошки предмети кои се истакнуваат по богатството со украси.
Оваа елова состоина се наоѓа во шумско стопанската единица Долница II која е сопственост на шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, во изворишниот дел на реката Дешница. Состоината е една од најзачуваните во шумскиот слив од источниот дел на Кожуф и се наоѓа на надмоска височина од 1560 до 1700 м. Тука се наоѓа асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale.
Наоѓалиштето на видот гол човек (Arbutus andrachne) се наоѓа 2,5 км западно од селото Ново Конско, од десната страна на Конска Река. Особенита е асоцијацијата Phillyreo - Carpinetum arientalis. Во Македонија, Arbutus-от се наоѓа оддалечен од својот главен ареал по засолети и реликтни страништа и тоа само во кањонскиот дел на Црна Река и по долината на Конска Река.
Наоѓалиштето се наоѓа во самата Дреновска (Дреначка) Клисура, на патниот правец Кавадарци-Прилеп. Границите на наоѓалиштето се природно определени, а порано зафаќала површина од 260 хектари. Тука е присутен сојузот Phragmition. Застапени видови: Moli nia coerulea Vor., Erianthus hostii, Adiantum copillus veneris, Pyracantha coccinea, Carex cuspidata.
Јасиковото стебло (Populus tremula) се наоѓа во непосредната близина до селото. Тоа е едно од најзачуваните и најзабележителните стебла од овој вид во Македонија. Височината на стеблото е преку 24 м, обемот е преку 8,60 м, а проекцијата на крошната е преку 18 м.
Фосилното наоѓалиште било откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес-Гевгелија. По множеството на пронајдените фосилизирани цицачи (коњи, жирафи, газели, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите наоѓалишта кои досега биле откриени во светот.
Се наоѓа на падините на возвишението Баба кај градот. Претставува формација на вулкански карпи. Во непосредна близина се и кратовските борови кои исто така се споменик на природата.
Се наоѓа на местото каде што реката Пчиња во всекла своето корито во Катлановскиот Рид и изградила куса клисура. На овој простор е присутна специфична појава на отворена пукнатина од неотектонско потекло, низ која повремено се дистрибуираат термоминерални води, од кои биле наталожени впечатливи драперасти наслаги на бигор. Должината на пукнатината изнесува 350 м, а ширина на отворот е до 30 см. Тука се среќава асоцијацијата Erythronio - Carpinetum orientalis. На левата страна на Приња непосредно крај одморалиштето на пензионерите, на падината околу 50 м над домот се среќава флората: Erythronium dens canis, Galanthus graecus, Scilla bifolia, Fritillaria graeca var. gussichiae, Anemone ranunculoides и други.
Се наоѓа во Бадерската Клисура на Пчиња, југоисточно од селото Кожле. На овој простор во месноста Прнар и Корија постои своевидна мешана флористичка состоина од питома и дива фоја (Juniperus foetidissima и Juniperus excelsa). Пределот претставува северозападна ареална граница во Македонија.
Се наоѓа на 1,5 км јужно од селото и претставува геоморфолошки предмет - природна појава на земјени столбови (земјени пирамиди), кои претставуваат исклучително интересни и многу ретки облици на интензивна ерозија на земјиштето. Предметот се наоѓа во една куса суводолница на десната долинска страна од реката Бошава, на надморска височина од 740 м.
Група од десет стебла од орев (Juglans regia), четири стебла од липа (Tilia grandifolia Ehrh.) и едно стебло од чинар (Platanus orientalis). Оваа група на стебла се наоѓа во дворното место на црквата „Св. Илија“ во селото.
Костеновото стебло (Castanea sativa) се наоѓа во атарот на селото и е едно од најзачуваните стебла од овој вид до Македонија. Висината на стеблото е преку 20 м, обемот му е преку 6,30 м, а проекцијата на крошната е преку 23 м.
Боровите стебла (Pinus sylvestris) се наоѓаат во местото викано Карши Бавчи во самиот град. Висината на стеблата е преку 18 м, а обемот на стеблата е преку 2,40 м, односно преку 2,80 м.
Наоѓалиштето се наоѓа во Горна Пелагонија. Тоа се неколку дождовни локви расфрлени на необработена засолена почва која е користена како пасиште, наспроти селото Големо Коњари покрај патот Прилеп-Крушево. Досега ова е единствено наоѓалиште за ендемичниот вид вилинско радче (Chirocephalus pelagonicus). Типичниот биотоп на видот се неколкуте алкални темпорални локви со висока содржина на растворени соли. Од биогеографски аспект, видот припаѓа кон средоземниот комплекс на арбореални елементи, во епирската група на видови кои потекнуваат од терциерното рефугијано средиште на југозападен Балкан. Според Европскиот црвен список на без’рбетни претставници за слатководни екосистеми, видот Chirocephalus pelagonicus е сместен во категоријата загрозен (EN) B2c. Во рамките на заштитеното подрачје се среќаваат и други ретки видови: Imnadia yeyetta - критично загрозен (CR), Tanymastix motasi - загрозен (ED) и други.
Дабовото стебло (Quercus Macedonica) се наоѓата во селото и истото е најголемото стебло од овој вид во Македонија. Височината му изнесува преку 18 м, а обемот на стеблото е преку 4,60 м.
Наоѓалиштето се наоѓа кај месноста Пули во близина на мариовското село. Претставува значајно наоѓалиште со фосилни остатоци од ’рбетници и макрофлора (Castana ataria, Querqus pseudocactanea Fagus, Populus (јасика), Acer (јавор) и други), кои се наоѓаат во вулканогено-седименталната низа со слојот на дијатомејска земја.
Црна топола (Populus nigra) која се наоѓа на 1 км источно од селото, од десната страна на реката Брегалница. Оваа топола е најголемото стебло од овој во источниот дел од Републиката. Височината на стеблото е преку 26 м, а обемот е преку 8,30 м.
Се наоѓа на планината Караорман, на падините ориентирани кон Струшката Котлина, на надморска височина од 980 м. Поточна таа лежи под стрмнините на гребенот Млечник. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Пештерата има спелеолошко знаење.
Состоината од чинар (Platanus orientalis), во која има поединечна примеси од костен (Castanea sativa), габер (Carpinus betulus) и евла (Alnus glutinosa) се наоѓаат во атарот на Мокрино и се распоредени во круг. Димензиите на сите стебла се прилично изедначени со висина од преку 18 до 22 метри, и пречник од преку 50 до 60 см.
Блато кое се наоѓа во подножјето на Беласица во Струмичкото Поле со надморска височина од 240 м. Во самото Блато растат Glyceria fluitans, Sparganium neglectum, Scirpus maritimus, Typha angustifolia, а по работ на Блатото каде што осцилира нивото на водата, се среќава шумска растителност со Alnus glutinossa, Periploca graeca, Acer tataricum, потоа Osmunda regalis, Pteridium aquilinum, Nephrodium thelipteris. Тука се среќава асоцијацијата Periploco - Alnetum glutinosae. Овде се мешаат средоземните со евроазиските видови кои секако се остатови од глацијалниот период во нашите краишта.
Наоѓалиштето се наоѓа кај месноста Мурите на Малешевските Планини, на надморска височина од 1200-1400 м. Местото претставува мешана состоина од обична ела (Abies alba), балканска бука (Fagus moesiaca), бел бор (Pinus sylvestris) и европска смрека (Picea excelsa). Главен момент за прогласување на местото е што на релативно мал простор се среќаваат четири вида на дрвни видови и што смреката овде ја достигнуца најјужната и најисточната граница на нејзиниот ареал. Оваа состоина се наоѓа 16 к североисточно од Берово (оддел 10, потоддели б и в од шумско-стопанската единица Малешевски Планини II). Главен вид е елата бидејќи таа тука го достигнува најисточниот ареал во Републиката, додека пак смреката покрај најисточниот, го зазема и најјужниот ареал.
Наоѓалиштето се наоѓа на ридот, околу 500 м западно од селото, во седименти на горно јурски фли (титонски кат) биле откриени претставници на морска фауна - амонити, белемнити и школки, во литолошка средина од плочести песочници и варовници. Овој геотоп е особен дел од средоземната морска провинција од горна јура на територијата на Република Македонија, значаен за реконструкцијата на палео еколошкиште услови во геосинкалниот развој од тој период.
По осушувањето на Катлановското Блато во 1965 година, со мелиотаривните зафати во Скопската Котлина, како единствено одморалиште на птици преселници останала месноста Острово североисточно од Горно Лисиче и југозападно Трубарево. Тука се задржуваат поголем број од птиците пејачки кои се среќаваат во околината на Скопје.
Значењето на местото е во тоа што претставува прво откриено наоѓалиште со фосилни коски од цицачи - пикермиска фауна во Македонија. Наоѓалиштето случајно било откриено од германскиот истражувач Југман во 1917 година за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска, а утврдени се многубројни родови и видои на фосилизирани цицачи и тоа: мајмуни, хипариони, жирафи, антилопи, газели, елени, мастодони, носорози, свињи, хиени и други животни. Помеѓу останатите видови, пронајдени биле и: Mesopithecus pentelici, Hipparion graciee, Traqoceras amaltheus и други.
Поранешен посебен резерват со борова шума од кривул (Pinus mugo) на планината Јакупица.[17] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1969 година.[18] Се наоѓа северно од Солунска Глава кај месноста Ручица на надморска височина од 1500-2000 м. Подрачјето е заштитено поради што има единствена компактна зачувана состоина од борот кривул во Македонија, а истовремено тоа е најјужното наоѓалиште на ареалот на распростанување на Балканскиот Полуостров.
Наоѓалиштето именувано Кале-Скопска тврдина се наоѓа на старите отсеци на југозападниот дел на тврдината. Се состои од плиоценски седименти во кои се наоѓаат бројни мошне добро зачувани остатоци од флора, но исто така и на слатководнаезерскафауна. Наоѓалиштето наречено Скопска тврдина се наоѓа на западната страна од тврдината и се состои од палеонтолошко наоѓалиште на зачувана без’рбетна ’рбетна фосилна фауна со посебни геолошко-палеонтолошки особености.
Арборетумот бил создаден од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во 1953 година, на површина од 3,3 хектари. Застапени се околу 600 видови дрвја и грмушки кои потекнуваат од сите континенти, пред сѐ од Европа, Азија и Северна Америка. Објектот служи за разновидни биоеколошки набљудувања и има значење како дендролошки инвентар, а има и општообразовно значење.
Се наоѓа на планината Буковиќ покрај стариот пат Гостивар-Кичево. Располага со изворедно множество на пештерски накит обоен со најразлични бои, што е реткост при создавањето на подземните карстни облици. Низ пештерата тече подземен водотек кој понира во еден нејзините ходници и се појавува надвор од неа како силен карстен вруток. Во неа има водопад висок 5-6 м. Во пештерата е регистрирана рецентна пештерска фауна на ендемскиот претставник на родотCeutnophies bukoviki.
Групата на четири стебла црни ореви (Juglans nigra) кои претставуваат ретки примероци од овој вид со така огромни димензии и старост, кои се одржале во потполно градска средина. Стеблата се високи околу преку 20 м, со обем од преку 3,60 до 5,80 м.
Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“. Високо е преку 24 м, обемот е преку 6,20 м, а проекцијата на крошната е преку 20 м. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[24]
Стеблото од црна дудинка (Morus nigra) се наоѓа во дворното место на Лесновскиот манастир. Сметано е за најстаро стебло од дудинка во Македонија. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[25]
Се наоѓа кај месноста Илин Камен. Претставува особенит геолошки профил каде се регистрира навлекување на тријаскиваровници преку седименти на палеогенот - флиш и присуство на млади вулкански пробои. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[27]
Група чинарски стебла (9), што се наоѓаат во средиштето на Мородвис. Оваа група на стебла е од најзачуваните од овој вид во источниот дел на Републиката. Прогласен е како природна реткост на 17 март 2016 година.[28]
↑„Application Guidelines“(PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 29 април 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)