Оџачар![]() Оџачар[1][2] — лице, општо квалификувано, одговорно за чистење на оџаците. Оџачарот користи долги четки или стругалки (вид на мистрија) за да ги отстрани саѓите од каналот за чад. Современите техники користат ротирачко чистење: дупчалка со врвови приспособени на видот на каналот, дали е валчест или квадратен. Денешниот оџачар е опремен со маска за да избегне вдишување на штетна прашина (саѓи и/или катран). Тоа значи дека чистењето на оџакот може да се врши од каминот како и од покривот. Активноста, со текот на времето, се променила бидејќи оџачарството денес се однесува исто така на одводи на гасови од согорување (гас, дрво, мазут, итн.), канали за маснотии (аспиратор), вентилациски канали или кој било друг канал за одведување гасови. Историја![]() ![]() Чистењето на оџаците е многу старo занимање, старо колку и самите оџаци, но дури околу XVIII век станале доволно големи за човек да се провлече низ нив, давајќи ја типичната слика на оџачарот што се развила за време на Индустриската револуција. Во XV и XVI век во Западна Европа, изградбата на скалести калкани станала вообичаена за да се овозможи лесен пристап до оџаците. Како што растело урбаното население, така се зголемувал и бројот на куќи со оџаци, а професијата оџачар станала попочитувана и барана, иако понекогаш била исмејувана во стихови, балади и пантомима. Во викторијанската ера во Обединетото Кралство, занимањето било познато по тоа што вработувало млади момчиња кои биле доволно слаби за да се провлечат низ оџаците за да ги чистат одвнатре. Тие го добиле прекарот качувачки момчиња (climbing boys). Работата била валкана и ризична, а нивните работодавци имале репутација дека се експлоататори. Така било и во Франција, каде што, традиционално, оџачари најчесто биле млади Савојци, кои во групи под водство на старешина ги напуштале своите места за да работат во големите градови. Момчињата често страдале од деформитети на зглобовите, изгореници и облик на рак на скротумот предизвикан од бензопирените во саѓите. Неретко оџачарите умирале од задушување со саѓи. Јавното мислење, шокирано од таквите случки, блијаело за изнаоѓање на алтернативни средства. Така, биле измислени телескопски четки и други алатки што значело дека оџачарот повеќе не морал да влегува во оџакот. Кон средината на XX век, пронајдокот на правосмукалката за саѓи што може да се закачи над оџакот го направила овој процес почист од кога било. ![]() Во Германија, оџачарите биле организирани во корпорација до 1 јануари 2013 година. Секој оџачар бил ограничен на една област, носел униформа и цените биле фиксни.[3] Добар знак
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia