ПУ „Ванчо Србаков“ - Вранештица
Иако Вранештица се наоѓа во Општина Кичево, училиштето е под надлежност на училиштето „Јунус Емре“ од селото Лисичани во Општина Пласница. Училиштето е именувано по македонскиот револуционер и војвода Ванчо Србаков. Местоположба![]() Училиштето е сместено на самиот влез во селото Вранештица. ИсторијаПрвиот училиштен објект бил изграден во 1934 година. Наставата и денес се одржува во истиот, кој бил целосно обновен во 2009 година.[3] Училиштето во минатото претставувало централно училиште, но било укинато како такво во април 1980 година. Тогаш влегло во состав на основното училиште „Мирче Ацев“ од Лисичани, каде што припаѓа и денес. НаставаВо училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Вкупно има 14 ученици од прво до деветто одделение, кои се распоредени во 6 паралелки, од кои една комбинирана. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia