ОУ „Јунус Емре“ - Лисичани

Јунус Емре
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Пласница
Наречено по: Јунус Емре
Нас. место: Лисичани
Адреса: с. Лисичани
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1948; пред 76 години (1948)
Директор: Ајнур Бајрамоски
Број на ученици: 127[1]
Настава на: македонски и турски
Контактни информации
Мреж. место mirceacev-lisicani.weebly.com/
Е-пошта s_lisicani@yahoo.com
Телефон 045/284-055
Факс 045/284-055


Основно училиште „Јунус Емре“ (во минатото: Основно училиште „Мирче Ацев“; официјално: Основно општинско училиште „Јунус Емре“ - Лисичани; скратено: ООУ „Јунус Емре“) — централно основно училиште во селото Лисичани, Општина Пласница.[2]

Денес, училиштето е именувано по турскиот мислител, Јунус Емре, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Мирче Ацев.

Местоположба

Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Лисичани.[3]

Историја

Училиштето започнало со работа во 1948 година како четиригодишно основно училиште. Сѐ до 1974 година учениците од село Лисичани своето образование го продолжувале во Орланци и во Вранештица, кога била изградена новата училишна зграда во селото. Тогаш, училиштето станало осумгодишно, но работело во склоп на ЦОУ „Ванчо Србаков“ од селото Вранештица.

Во април 1980 година, ОУ „Мирче Ацев“ станало централно училиште, а во чиј состав влегле и подрачните училишта во Вранештица и во Староец, а од 1985 година во негов состав влегло и подрачното училиште во селото Челопеци.

Во 2004 година била воведена настава на турски јазик.

Во 2013 година имало конфликти помеѓу месното население и градоначалникот на Општина Пласница во врска со неговата одлука за припојување на училиштето како подрачно на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ од Пласница и промената на директорот на училиштето.[4]

Во 2015 година училиштето било преименувано по турскиот мислител Јунус Емре.[5]

Настава

Во училиштето наставата се изведува на турски и на македонски наставен јазик.

Наставата се изведувала на македонски јазик сѐ до 2004 година од кога наставата во централното училиште се изведува и на турски јазик. Со законите за децентрализација, управувањето со училиштето е во надлежност на Општина Пласница.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето спаѓаат:

Наводи

  1. „Сè уште тензично во село Лисичани, наставата и натаму во прекин“. Кичево. 2013-11-07. Посетено на 2020-10-28.
  2. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
  3. „ЛИЧНА КАРТА“. ОУ,,МИРЧЕ АЦЕВ,,-ЛИСИЧАНИ. Посетено на 2020-10-28.
  4. „150 ученици од Лисичани не одат на настава“. kanal5.com.mk. Посетено на 2020-10-28.
  5. „ОУ „Јунус Емре" - с. Лисичани, Пласница“. feniks.net.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-11-24.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya