ПУ „Кочо Рацин“ - Габреш

Кочо Рацин
во состав на ОУ „Кочо Рацин“
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Куманово
Наречено по: Кочо Рацин
Нас. место: Габреш
Адреса: с. Габреш
Местоположба

Карта

Основни информации
Број на ученици: 3 (2023/24)[1]
Настава на: македонски
Контактни информации


Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Габреш; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Габреш, претставува единка на училиштето истоименото училиште од градот Куманово.[2]

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Габреш, сместено на самиот влез во селото, при едно исклучување по земјен пат.

Градба

Објектот е во лоша состојба и истиот не е обновен. Површината на објектот е 224 метри квадратни, има само една училница и се загрева со печка на дрва.[3]

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

  1. „Годишна програма за учебната 2023/24 г. ООУ „Кочо Рацин" - Куманово“ (PDF). ОУ „Кочо Рацин“ - Куманово. јули 2023 г. Посетено на 22 ноември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „За нас“. ООУ „Кочо Рацин“ Куманово. Посетено на 2023-11-22.
  3. „Годишна програма за учебната 2019/20 г. ООУ „Кочо Рацин" - Куманово“ (PDF). ОУ „Кочо Рацин“ - Куманово. јули 2019 г. Посетено на 22 ноември 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya