Павликени
Павликени (бугарски: Павликени) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Павликени во Великотрновската Област. Има население од околу 9.986 жители (2022).[1] Географија и местоположбаПавликени се наоѓа на средишниот дел на Дунавската Рамнина. Градот се наоѓа на 38 километри од регионалниот центар Велико Трново и на 41 км од Горна Орјаховица. ИсторијаПавликени бил центар на керамика и грнчарството во антиката за што сведочат остатоците од римско и тракиско време. Неговото име потекнува од Павлиќаните, христијанска секта населена во Тракија од Лав Исавријанецот. Денешната населба се појавила во 13-14 век како село првично наречено Маринополци. За време на османлиското владеење на Бугарија, демографијата на селото значително се променила, бидејќи многу Турци се населиле, а Бугарите католици се иселиле во Хабсбуршката Монархија во 18 век. По ослободувањето на Бугарија од османлиската власт во 1877–1878 година, Турците заминале во Анадолија, за да бидат заменети со Бугари Балканџии и од близките села во рамнините. По ослободувањето Павликени се развил како центар на занаетчиството и трговијата, при што биле изградени многу нови згради. Павликени го добил статусот на град во 1943 година благодарение на неговата значајна позиција на железничката линија Софија - Варна. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia