Пазар Баши![]() Пазар Баши (турски: Pazar Başı) — старо скопско маало. МестоположбаОва маало се наоѓало во источниот дел на градот и било прилично мало. На север граничело со маалото Уруч Паша, на запад со Кара Капуџи и Исмаил Војвода, на југ со Хаџи Касим, додека пак на исток со маалата Крњево и Дервишан. Од Камениот мост било оддалечено 1130 метри североисточно. ИсторијаСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 28 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 54 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Исто така имало и 8 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 132 жители.[1] СегашностДенес овој дел од градот забрзано се урбанизира, но сѐ уште има куќи. Тука поминува улицата „Петре Георгиев“, додека на западниот дел се наоѓа џамијата „Ќазим Беут“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia