Ибни Коџаџик![]() Ибни Коџаџик (турски: İbn i Kocacık) — старо скопско маало. МестоположбаМаалото се наоѓало веднаш до големото маало Јигит Паша, на исток било маалото Кебир Мехмед Челеби, а на севет маалото Хаџи Таџедин. Од плоштадот Македонија било оддалечено 750 метри североисточно. ИсторијаСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било претежно муслиманско, со 51 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 97 мажи муслимани, со 15 новороденчиња. Исто така имало и 17 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Исто така било забележао и едно христијанско домаќинство со 5 мажи христијани, од кои тројца биле ското доселени во маалото Се проценува дека маалото во тој период имало 268 жители.[1][2] СегашностДенес од некогашното маало нема останато ништо, целото е урбанизирано. На неговото место се наоѓаат Основниот Суд 1, Основниот Суд 2, Кривичниот Суд Скопје, како и раскрсницата на булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia