Палата Ајналикавак
Палатата Ајналикавак (турски: Aynalıkavak Kasrı) — отоманска резиденција која се наоѓа во Бејоглу, Истанбул, Турција. Овој објект бил изграден во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините[1]. Во оваа палата бил потпишан истоимениот договор меѓу Руската и Османлиското Царство во 1779 година. ИсторијаПалатата Ајналикавак претставувала отоманска резиденција, изградена во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините. За ова место постојат извори според кој местото претставувало и место за одмор на византиските императори. По освојувањето на градот познато е дека овде одмарале османлиските благородници. Познатиот патописец Евлија Челебија наведува дека објектот бил изграден во времето на султанот Мехмед II. Комплексот бил реновиран во времето на Селим III (1789-1807) и го добил денешниот изглед. Ајналикавак е единствениот кој постои денес од целиот комплекс како и еден од последните изградени во класичен османлиски стил. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia