Евлија Челебија
Евлија Челебија (османски турски: اوليا چلبى, турски: Evliya Çelebi; 25 февруари 1611 - по 1682) — славен отомански патописец кој патувал низ териториите на Отоманското Царство и околните земји во период од четириесет години. Патописите на Челебија се особено значаење за историографијата на Македонија за овој период, бидејќи истите даваат увид во нивниот изглед, дух и локалниот начин на живот во тоа време, кој инаку би го немале. Живот и делоЧелебија е роден како Мехмед Зили на 25 февруари 1611 во Цариград, во семејството на дворски јувелир. Како таков тој се стекнува со одлично образование. По првичните тури низ Истанбул во кои прави белешки за згради, пазари, обичаи и култура, во 1640 Челебија првпат патува вон градот. Неговата збирка записи од сите негови патувања е сместена во десет тома и е наречена „Патопис“ (Сејахатнаме). Многу од описите на Челебија се одликуваат со огромен број детални забелешки кои се општоприфатени како водич низ културните аспекти и начинот на живеење во Отоманското Царство во XVII век. За жал неговите патешествија никогаш никаде не се преведени и издадени во целост. Ова е случај и во Македонија. Починал во Каиро некаде по 1682 г. „Патопис“![]() Во десеттомниот „Патопис“, Челебија ги опишува следниве посетени краишта:
Посета на МакедонијаЧелебија посетил разни места во Македонија за кои оставил детални записи. За старата скопска чаршија при неговата посета на Скопје во 1660-61 тој напишал:
Во негова чест е именувана улица во Скопје. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia