Првпат како суверена држава, Палестина била признаена во 1968 од страна на СССР, а со текот на времето, нејзината државност ја признале вкупно 135 држави. Во ноември2012 година, Палестина добила статус на држава-набљудувач во Обединетите нации. Во 2014 година, Шведска официјално ја признала државноста на Палестина, а на почетокот на ноември2014, шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, изјавила дека во рок од пет години, ЕУ би можела да ја признае Палестина како независна држава.[2]
Карта на областите во Палестина. Источен Ерусалим е прикажан како непалестински поради неговото непризнаено припојување кон Израел.
Административна поделба
Согласно Договорот од Осло, Палестинските територии Западен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (Б, Б и В) и 16 области под Палестинска Самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската Самоуправа - едната на Западниот Брег, а другата во Појасот Газа.