Прв претседател на Палестинската самоуправа бил Јасер Арафат, а негов наследник и денешен претседател е Махмуд Абас. На парламентарните избори во јануари 2006 година радикалното исламистичко движење Хамас ја победи ПЛО и формира влада на чело со Исмаил Ханија. Тензиите помеѓу Хамас и Фатах во текот на 2006 година стануваат се поизразени и почнуваат да добиваат насилни облици. Во судирите што избувнаа од 14 до 16 јуни2007 година, Хамас ја презеде контролата над Појасот Газа.
Административна поделба
Карта на областите во Палестина. Источен Ерусалим е прикажан како непалестински поради неговото непризнаено припојување кон Израел.
Согласно Договорот од Осло, Палестинските територииЗападен Брег и Појас Газа се поделени на три подрачја (А, Б и В) и 16 области под Палестинска самоуправа. Од 2007 наваму, две посебни управи полагаат право на власт врз Палестинската самоуправа — едната на Западниот Брег, а другата во појасот Газа.