Палм (Гренадини)
Првично островот бил именуван како Прун. Сегашното име потекнува од моментот кога поранешните сопственици на островот, Џон Калдвел и неговата сопруга, засадиле стотици кокосови палми на островот. Така, пустинскиот остров преполн со мочурливи предели и комарци, се претворил во остров прекриен со кокосова шума. Природа![]() Островот е погодно место за биотата. Во 2015 година на островот биле донесени 125 желки како замена на популацијата на желку која била однесена од уриганот Иван во 2004 година. Иако не е ендемска, растителноста е слична со таа на островот Јунион. Покрај желките и растителноста, на островот има домашен гуштер, копнени гуштери, копнени краби, морски желки и слично. Дополнително на тоа, островот е засолниште на гулаби, тропски дрозд, бананов тангар, сина и крунеста чапја, колибри и други. Секако, на островот има галеби и фрегати. ТуризамПалм е дом на „Палм Ајланд Ресорт и Спа“. Овој комплекс има 40 соби и неколку приватни вили. Има два ресторана, два бара, спа, базен, сала, библиотека, игралишта и современа технологија. Овој ресорт има капацитет од околу 100 гости и вработен персонал од 92 луѓе. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia